More

    Ким Кардашијан на Мет Гала во фустан на Мерлин Монро

    spot_img

    Холивудските ѕвезди беа на сила за најголемата модна ноќ во годината на Мет Гала во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк во понеделникот вечерта.

    Ким Кардашијан се трансформираше во филмската легенда Мерилин Монро за гламурозниот настан, бидејќи пристигна во тоалетата на покојната ѕвезда од 5 милиони долари што ја носеше во 1962 година за да му честита роденден на претседателот Џон Кенеди.

     

    По неколку недели шпекулации, 41-годишната старлета пристигна облечена во иконскиот фустан – комплет со ново обоена платинесто руса коса, во друштво на своето момче Пит Дејвидсон.

    Ким влезе во историјата со тоа што беше единствената личност покрај Мерилин што некогаш го носела иконскиот фустан во 40-те години од неговото создавање.

     

     

    Прво на црвениот тепих, а потоа и на скалите се редеа бројни ѕвезди од холивудската А-листа – Блејк Лајвли, сестрите Кардашијан-Џенер, Ирина Шајк, Џесика Честејн, Карди Би, Хејли Бибер, Ема Стоун, Сара Џесика Паркер, Наоми Кемпбел, Кејт Мос…

    Меѓу најдобро облечените на синоќешниот гала настан беше младиот супермодел Каја Гербер која носеше златна тоалета со светки и монистра. Нејзиното убаво лице ја красеше долгата коса во кадрици. Каја позираше во друштво на своето момче.

     

    Меѓу присутните беа и сестрите Хадид – Бела и Џиџи, додека сестрите Клои и Кортни Кардашијан првпат се појавија на Мет Гала.

    Ѕвездите парадираа на црвениот тепих… Погледнете ја галеријата:

     

     

     

     

     

     

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img