More

    Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа по девет месеци врска

    spot_img

    Американската старлета Ким Кардашијан (41) и комичарот Пит Дејвидсон (28) одлучија да стават крај на нивната деветмесечна романса, потврди извор близок на парот за Си-ен-ен.

    „Тие многу се сакаат и почитуваат, но сфатија дека растојанието и распоредот им го отежнуваат одржувањето на врската“, додал изворот.

    „Пит е тотално спонтана личност и во моментот сакаше Ким да одлета кај него во Њујорк. Таа има четири деца и не е така лесно. Мора да се фокусира на нив“, додал изворот.

    Друг извор исто така за „Пејџ сикс“ рекол дека разликата во годините на парот придонела за одлуката.

    Старлетата и комичарот беа во емотивна врска од октомври лани, а се запознаа на снимањето на емисијата „Сабота вечер во живо“.

    Според извори на американските медиуми, тие одлучиле да се разделат откако Пит решил да се пресели во Австралија за улога во нов филм.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img