More

    Кај тетовец измерени 2,89 промили алкохол во крвта

    spot_img

    Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола за возачи кои управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи, од Тетово – 24 и од Гостивар – 12, кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1 од Тетово биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.

    Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци.

    Во исто време во Скопје 27 возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол.

    СВР Тетово повторно со апел, посебно до младите и пред сѐ за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img