More

    Кај повеќе од половина се откриени неправилности во работењето

    spot_img

    Полицијата претходните два дена изврши контроли на 100 отпади на територијата на државата, од кои 62 во регистрирани правни субјекти, а 38 нерегистрирани, односно „диви отпади“. Во 27 регистрирани правни субјекти и во сите 38 нерегистрирани отпади утврдени се неправилности, за што ќе следат соодветни поднесоци од страна на МВР и Државниот инспекторат за животна средина.

    – На територијата на град Скопје во 36 отпади се извршени проверки, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, при што кај 12 субјекти е утврдено дека не поседуваат дозвола за вршење на дејност „складирање на отпад“ и поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животна средина и природата со отпад“, за седум субјекти се констатирани прекршоци од страна на Државниот инспекторат за животна средина, а кај 17 субјекти се констатирани прекршоци од Државниот пазарен инспекторат. Oд страна на Одделението за криминалитсички работи Центар и Бит Пазар од еден субјект привремено се одземени предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од сторено кривично дело „кражба“ – соопшти МВР.

    На подрачјето на СВР Штип од вкупно 12 контролирани локации, кај еден правен субјект се констатирани неправилности, а 10 физички лица не биле регистрирани и не поседувале дозволи, поради што санкционирани се со забрана за работа до отстранување на нерегуларностите.

    Од 15 контроли на подрачјето на СВР Битола, кај осум правни субјекти и кај седум физички лица се утврдени неправилности и ќе следуваат поднесоци, а од осум контроли на подрачјето на СВР Тетово, четири правни субјекти работеле без комплетна документација, а кај еден се констатирани неправилности по што ќе следуваат санкции.

    На подрачјето на СВР Струмица од 12 контролирани отпади, за пет нелегални отпади ќе следуваат санкции, а во еден правен субјект се констатирани неправилности, за што ќе следува поднесок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img