More

    Кај Бајден е пронајден нов сет на тајни документи. Белата куќа нема коментар

    spot_img

    Соработниците на американскиот претседател Џо Бајден пронајдоа нов сет на доверливи владини документи на друга локација, што прераснува во нов политички скандал за Белата куќа, пишува во четвртокот Би-Би-Си.Првиот сет на документи е пронајден во приватна канцеларија во Вашингтон, кои Џо Бајден ги користел по завршувањето на неговиот мандат како потпретседател. Случајот го истражува Министерството за правда.

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп чувал илјадници владини документи, од кои неколку стотици класифицирани како доверливи, во својата резиденција на Флорида повеќе од една година и се соочува со кривична истрага.

    Се уште не е познато кога и каде точно се пронајдени новите документи кај Бајден.

    Белата куќа нема коментар
    Околу 10 доверливи документи од потпретседателските денови на актуелниот претседател Џо Бајден беа откриени во ноември од страна на личните адвокати на американскиот претседател во просториите на тинк-тенк во Вашингтон, изјави во понеделникот адвокатот на Белата куќа.

    Документите, наводно, вклучуваат разузнавачки белешки и брифинг материјали за Украина, Иран и Обединетото Кралство.

    Пристапот до доверливите документи со закон е ограничен на лица со посебни овластувања и постојат правила како тие се чуваат. Сите документи на Белата куќа, вклучувајќи ги и доверливите документи, мора да бидат предадени на Националниот архив по завршувањето на мандатот на владата.

    Белата куќа се уште не ги коментираше новооткриените документи. Но, откритието го потврдија CBS и други американски медиуми.

    Портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер одби да им каже нешто на новинарите во средата за првиот сет на документи. „Тоа го истражува Министерството за правда“, рече таа.

    Бајден на заедничката прес-конференција со лидерите на Мексико и Канада во вторникот изјави дека сериозно ги сфаќа доверливите документи.

    Демократот Бајден се соочи со критики од републиканците откако неговото Министерство за правда минатата година започна истрага за начинот на кој поранешниот републикански претседател Доналд Трамп постапува со доверливи документи откриени во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

    Сомневајќи се за можно попречување на истрагата, ФБИ побара и доби судско одобрение во август да го претресе домот на Трамп, каде што агентите пронајдоа повеќе од 13.000 дополнителни записи, од кои околу 100 беа високо доверливи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img