More

    Кацарска вели Македонија е една од ретките земји кои немаат „уставна тужба“

    spot_img

    Северна Македонија е меѓу ретките држави каде што не постои можноста за „уставна тужба“, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во вечерашното интервју во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, додавајќи дека поради ова Судот не може да постапува за прашања од животна средина, освен кога ги разгледува Деталните урбанистички планови (ДУП) на општините.

    – Ние веќе имаме поведено постапки и имаме укинато одлуки на општините таму каде што не се запазува постапката за животна средина. Тоа се нашите надлежности. Но, за жал ние сме можеби единствената земја која што немаме „уставна тужба” или некаде ја нарекуваат уставна жалба. Кога тоа би било вметнато во Уставот и ние би имале таква надлежност би одлучувале за сите права на граѓаните. За жал тука сме веќе немоќни да направиме нешто повеќе од нашата реакција во ДУП-овите на општините, изјави Кацарска.

    Таа воедно ја објасни и актуелната надлежност на уставните судии, посочувајќи дека надлежноста за слободите и правата на граѓаните ја црпат од членот 110, алинеја 3 од Уставот. За овој дел таа наведе дека се ограничени и не можат да постапуваат за сите слободи и права на граѓаните.

    – Затоа во Уставниот суд направивме нов акт, наместо Деловникот кој што е од 1992 година, бараме начин како можеме, а да не го прекршиме Уставот, а во интерес на граѓаните да можеме да постапуваме и за повеќе слободи и права од она што е предвидено во членот 110. Има консултации со експерти, професори и чекаме да се пополни бројот на судии и ќе видиме што можеме ние да направиме во интерес на граѓаните – истакна Кацарска.

    Според Кацарска, воведувањето на „уставната тужба“ фактички ќе значи многу повеќе работа за Уставниот суд.

    – Но, не сме битни ние како ќе се екипираме, битно е дека Уставниот суд ќе биде последна инстанца пред граѓаните да се обратат пред Судот во Стразбур. Со самото тоа и државата добива. Ние да одлучиме, па макар и во пет предмети кој што нема да одат пред Судот во Стразбур, е во интерес и на самата држава, а пред се на граѓаните – рече Кацарска.

    Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во емисијата „Топ тема“ вели дека се надева довербата во Уставниот суд ќе биде поголема и дека ќе расте.

    – Се вложувам за да граѓаните имаат поголема доверба во нас. Ваква слаба доверба кон редовното судство сме немале досега. Според мое видување, нема транспарентност и ажурност. Многу е битно со кои предмети се направила ажурноста – вели таа.

    Судијката наведува дека довербата на граѓаните во судството од околу 9% не е исто како кон Уставниот суд.

    – За жал, бројчаникот никогаш не сврте колку доби државата од конфискуваниот имот. Тоа е точно и тука би кажала дека секоја институција имала свои надлежности. Едни се надлежностите на судот, други на Обвинителството, потоа правобранителството и на крајот Агенцијата за управување со запленет имот. Доколку сите се придржуваат, не би се дошло до ваква ситуација – рече Кацарска.

    Според неа, „кои се тие кои нудат имот како гаранција за да не бидат во притвор, а истовремено го префрлаат имотот“.

    – Треба да се води друга постапка. Кога би знаела за предметите, повеќе би истражувала и би дала попрецизни одговори. Не можам конкретно да кажам за предмети за кои не сум работела. Во нашата република многу често се случува да има очигледен криминал од некои личности, а не се покренуваат постапки. Не знам која е причината зошто не се прави тоа – прашува Кацарска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img