More

    Кацарска вели дека во декември ќе се блокира овој суд

    spot_img

    Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“.

    Кацарска вели дека во тој случај нема да можат да држат седници и уште еднаш потенцираше дека односот на пратениците е несериозен.

    – Повеќе пати сум кажала дека ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како впрочем да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Така што во последно време си го поставувам и самата прашањето дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација – вели Кацарска.

    Согласно Деловникот, појаснува таа, судот има надлежност да работат и со пет судии. Доволно е да се присутни само пет судии за да се држи седница. Меѓутоа, потенцира таа, тежината на одлуките кои ги носат дури и оние кои се носат едногласно со пет гласови „за“, е сепак поинаква доколку за таа одлука би дискутирале сите девет судии.

    – Не залудно Уставот предвидува девет судии да го сочинуваат Уставниот суд. Има многу битни предмети за граѓаните на оваа држава и несериозно би било за тие предмети да одлучуваме само пет судии. Ние можеме да одлучуваме за сите предмети, за среќа немаме предмет за кој ни е потребно двотретинско мнозинство, но, зарем само пет судии треба да дискутираме за указите за Преспанскиот договор, за Законот за употреба на јазиците каде што е оспорена уставноста не само на указите, туку и на законите во целост. Несериозно би било ние пет судии да донесеме одлука која е толку битна за граѓаните и за иднината на оваа држава – нагласи Кацарска.

    Претседателката на Уставниот суд вели дека единствена надлежност што ја имаат е да се обратат писмено до претседателот на Собранието пред истекот на мандатот на некои од судиите. Таа потсети дека уште во април минатата година претседателот на Собранието Талат Џафери е информиран дека на тројца судии им престанува мандатот. Потоа и во ноември, Кацарска испратила писмо до Џафери со кое го информирала дека на еден судија му престанува мандатот на 14 јануари, но испратила и писмо со апел да се најде начин да се изберат овие четири судии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img