More

    Катализаторите во последно време сè почесто се мета на крадци. Што треба да елиминирате и кои суплементи да ги земате

    spot_img

    Катализаторите во последно време сè почесто се мета на крадци. Една од причините, верувале или не, е војната во Украина. Имено, катализаторите содржат благородни метали – платина, паладиум и родиум, кои сега се поскапи поради војната.

    Ваквите појави ги загрижуваат граѓаните во цела Македонија, а во последно време мета на крадците се возилата во општините Аеродром, Центар и во Карпош, каде што има голем број паркинг места покрај зградите.

    Граѓаните сѐ почесто реагираат на социјалните мрежи и се жалат дека нивните автомобили биле цел на кражби во доцните ноќни часови. Кражбата вообичаено ја забележувале наутро кога ќе се обидат да го стартуваат возилото кое одеднаш започнува да брмчи како трактор.

    – За жал, веќе објавените организирани кражби на делови од колите во Скопје, (посебно „ауспух“ со катализатор, во кој имало благороден материјал – платина), продолжуваат! Последните два дена, на паркингот пред зградите на бул. Илинден бр. 87 и на улицата Рузвелтова бр. 72, украдени се два катализатора и скршено е задно стакло на прописно паркирани возила на паркинг. Градскиот паркинг на Општина Центар нема обврска за безбедноста на паркинзите, а полицајци-реонски позорникари сè уште нема … Изгледа никој не е надлежен, ниту одговорен за зачувување на сигурноста на граѓаните и на нивните материјални добра – реагира револтирано скопјанецот Кирил.

    За иста случка ни раскажа и жителот на Аеродром, Горан кој дури и ги видел крадците како го одземаат катализаторот од неговиот автомобил, но сепак неговиот повик кон нив да се оддалечат од возилото не ги спречило во нивната намера.

    – Некаде околу 4 часот слушнав брмчење на мотор и станав да погледнам што се случува. Што да видам – две лица со кациги на главите стојат покрај моето возило, додека едниот го турираше моторот со цел да го прикрие звукот на брусилката, другиот „оперираше“. Се гледа дека беа подготвени за тоа. Имаа со себе некаква дигалка која веднаш го крева возилото, со батериска брусилка точно знаат каде треба да исечат и речиси за 2-3 минути завршуваат – ни објасни Горан.

    Тој вели дека почнал да вика по нив да се тргнат од возилото, дури фрлил и стаклено шише кое паднало до лицето кое лежело до автомобилот, но тоа не ги спречило во кражбата. Додека да слезе до паркинг местото крадците си заминале. Потоа повикал полиција и дознал дека на уште еден сосед истата вечер му бил украден катализаторот од возилото.

    – Заминав на мајстор за да ставам нов катализатор, но цената беше меѓу 500 и 1.000 евра, па тој ми предложи да ми го завари местото и ми кажа дека јас сум триесеттиот човек кој месецов дошол кај него за ваква интервенција – додава жителот на Аеродром.

    Инаку катализаторот е уред кој ги претвора емисиите од моторот во безбедни гасови пред да бидат испуштени од возилото, со што се намалува загадувањето на воздухот.

    Како што објаснуваат познавачите на возила, не секој катализатор е подеднакво богат со благородни метали и дека заработката зависи од тоа.

    На пример, најмалку ги има кај бензинските мотори 1,8 грама платина, 1,7 грама паладиум и 0,18 грама родиум. Дизелите имаат четири до пет грама платина во зависност од моделот, додека јапонски коли поради строгите регулативи во земјата имаат сѐ повеќе и има повеќе, па кај нив заработката за крадците е поголема. Највредни се секако камионите, каде има по 20 грама платина.

    Цената на еден грам на берзата во евра: платина 29,80 евра, паладиум 69,80 евра и родиум 484,90 евра.

    Според нашите информации, дел од украдените катализатори се препродаваат на откупувачите на метали, додека другите завршуваат кај сервисерите за ауспуси. Засега немаме потврдена информација по која цена се откупуваат украдените катализатори. Побаравме податоци од МВР во врска со овие кражби, дали некој од крадците завршил зад решетки и каде завршуваат украдените делови, но не добивме одговор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img