More

    Карлос Сантана колабирал среде настап: „Тоа беше страшна сцена“

    spot_img

    Рок легендата Карлос Сантана (74) ненадејно колабирал за време на настап во Мичиген, САД. На Сантана му се слошило на сцената, по што се онесвестил, а набрзо на сцената пристигнал медицински персонал за да му помогне на легендарниот гитарист.

    На социјалните мрежи веднаш се појавија снимки и фотографии од немилиот настан, што ги загрижи илјадниците фанови на Сантана кои уживаа на концертот.

    „Побараа од нас да се молиме за него поради неговата тешка здравствена состојба“, рекол еден од корисниците на Твитер кој на својот профил објавил фотографија на која се гледа како лекарите му помагаат на Сантана, пренесува Вечерњи.хр.

    „Бевме таму, тоа беше страшна сцена“, додаде друг корисник на Твитер, а на еден од профилите беше објавено видео од колапсот на Сантана. Многумина забележале дека не е добро откако седнал на бината, а потоа наеднаш изгубил свест.

    Состојбата на Сантана сè уште не е позната, но утешно е тоа што тој мафташе со толпата додека беше изведен од сцената во музичкиот театар Пајн Ноб во Детроит. Се објави и менаџерот на Сантана, Мајкл Врионис, кој за Си-Би-Ес изјави дека на легендарниот музичар му се слошило поради „исцрпеност поради топлина и дехидрација“.

    Тој кажа и дека моментално е во болница под опсервација и дека се чувствува добро. Сантана требаше да настапи вечерва во Бургетстаун, Пенсилванија, но неговиот настап беше откажан. Инаку, Сантана моментално е на својата летна турнеја Miraculous Supernatural, а се уште не се знае дали и кога ќе продолжи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img