More

    Карлеуша првпат одговори на прашањето за односот со Душко

    spot_img

    Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, од 1 јануари ги полнат насловните страници на домашниот, но и регионалниот печат. Најпрвин Јелена направи спектакл за дочекот на Новата година пред Собранието во Белград, а неколку дена подоцна, на Божиќ, следеше драма во семејниот дом.

    Јелена го пријави Душко за семејно насилство, па судот му изрече на фудбалерот забрана за приближување во траење од 30 дена.

    Два месеца подоцна се чини дека се спушти прашината, но не и љубопитноста на јавноста која не престанува да се прашува што се случува во нивниот брак и во каква врска се, сепак, Душко и Јелена, после целата драма.

    Јелена викендов настапуваше на Копаоник на фестивалот „Недела на музика“, повеќе од расположена, пејачката решила првпат да одговори на прашањето својот сопруг.

    На прашањето на новинарот каков е нејзиниот сегашен однос со сопругот Душко Тошиќ, Јелена имала подготвен одговор.

    – Со Душко секогаш сѐ беше во ред. Дали нешто не беше во ред со него? Мислам, јас отсекогаш сум го тврдела тоа, но сега имам и потврда – изјавила кратко за српскиот портал „24седум“.

    Јелена и Душко ги имаат ќерките Атина и Ника.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img