More

    Кари е најдобриот кошаркар на планетата

    spot_img

    Кошаркарите на Голден Стејт вориорс по седми пат во историјата се шампиони во НБА лигата, а до последниот пехар дојдоа преку Бостон селтикс.

    „Воините“ во шестиот натпревар во големото финале со 103:90 славеа во „ТД Гарден“ и со вкупни 4-2 во победи дојдоа до четвртата титула во последните осум сезони.

    Првиот трофеј „воините“ го освоија во 1947 година, а потоа шампионските пехари ги креваа и во 1956,1975,2015,2017,2018 и сега во 2022 година, додека Бостон кој последен пат славеше во 2008 година, остана на 17 титули.

    За МВП во финалната серија прогласен е Стеф Кари и стана 11 кошаркар во историјата на НБА лигата кој бил МВП на лигата, МВП во финалето и МВП на ол-стар натпревар.

    Натпреварот започна со серија од 14:2 на домашните кошаркари, но одговорот на „воините„ дојде кон крајот на првата и почетокот на втората четвртина и беше брутален. Благодарение на одличната игра во одбраната, кошаркарите на Голден Стејт направија неверојатна серија од 21:0  кој крајот на полувремето дојдоа до 54:33. Серијата од 21:0 е најголема во историјата на финалните натпревари во НБА во последните 50 години.

    И второто полувреме започна со нова серија од 8:0 на „воините“, но кошаркарите на Бостон не се предаваа и кон крајот на третата четвртина успеаја да дојдат до едноцифрена негатива (74:65). Но, надежите дека играчите на Бостон ќе направат целосен пресврт ги урнаа Ендрју Вигинс и Стеф Кари.

    Кари беше најефикасен во победничкиот тим со 34 поени и шест постигнати поени, Вигинс постигна 18 поени, Џордан Пул 15,  Томпсон и Грин по 12 поени.

    Кај Бостон, најдобар беше Џејлен Браун со 34 поени, Ал Хорфорд имаше дабл-дабл од 19 поени и 14 скокови, но потфрли Џејсон Тејтум со само 13 поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img