More

    Карактеристики кои децата исклучиво ги наследуваат од татковците

    spot_img

    Претходните истражувања покажаа дека детето ја наследува интелигенцијата од својата мајка, но што е со другите негови карактеристики?

    Има ли нешто што вашето малечко ќе го наследи исклучиво од својот татко? Според генетичарите, тоа навистина постои.

    Како што пишува „Family Education“, има дури три работи кои е докажано дека детето ги наследува од таткото, а генетичарот Дејна Бресет открила кои се овие карактеристики.

    Висина
    Физичкиот изглед на детето често е поблизок до гените на таткото отколку на мајката. Експертите тврдат дека постојат најмалку 700 генетски варијации кои се одговорни за одредување на висината на детето. Иако оваа особина доаѓа од гените на мама и тато, постојат докази кои покажуваат дека гените на таткото играат поголема улога во одредувањето на висината.

    Научниците објаснуваат дека факторот на раст сличен на инсулин (IGF протеин) е генетска карактеристика одговорна за поттикнување на растот. Генетичарот Бресет тврди дека ако тато е висок, голема е веројатноста дека и детето ќе биде високо кога ќе порасне.

    Пол на детето
    Ако тато некогаш се разочара што нема момче или девојче, тоа е само негова заслуга. Познато е дека мажите се единствените одговорни за одредување на биолошкиот пол на детето, објаснува Бресет.

    Проблеми со менталното здравје
    Истражувањата покажаа дека токму татковците можат да пренесат мутирани гени на своите деца кои водат до ментални болести или некои други проблеми со менталното здравје. Најчесто, станува збор за состојби како хиперактивност, шизофренија или биполарно растројство.

    Исто така, Бресет објаснува дека децата, чии татковци се постари од 45 години, имаат поголема веројатност еден ден да имаат потешкотии во учењето, како и зголемена склоност кон депресија или анксиозност, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img