More

    Каракачанов тврди дека 80 отсто од Бугарите имаат ист став со неговата партија

    spot_img

    Претседателот на бугарската ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов вели дека партијата никогаш не правела компромис и тврди дека 80 отсто од Бугарите се против отстапки во спорот со земјава.

    – Ние никогаш не направивме компромис и благодарение на ВМРО не се дозволи напредок во односите со Република С Македонија. Тука се тие кои ние не ги предадовме и поважно кои сами не се предадоа и покрај притисокот на кој секојдневно се подложени од властите во РСМ. И покрај неразбирањето на дел од бугарското општество што точно се случува. Фала богу тоа е мал дел од бугарското општество, бидејќи 80 отсто од Бугарите не сакаат Бугарија да прави компромис за својата историја – рекол Каракачанов на вонредниот конгрес на партијата.

    Тој додал и дека  на европските избори ВМРО доби двајца пратеници во Европскиот парламент.

    -Тие продолжуваат да ги заштитуваат правата на македонските Бугари – рекол Каракачанов.

    Каракачанов, претходно објави дека се повлекува од претседателската функција во партијата и предложи тројца копретседатели да го преземат кормилото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img