More

    Канзас одлучи да го дозволи абортусот

    spot_img

    Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус.

    Парламентот на таа сојузна држава во која мнозинството го држат Републиканците донесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел уредувањето на тоа прашање да се врати во ингеренција на пратениците.

    По пребројувањето на 98 отсто од гласовите, против амандманот се изјасниле 59 отсто од гласачите, а за негова поддршка гласале 41 проценти од граѓаните.

    Тоа значи дека Парламентот на Канзас нема да може да носи одлуки со кои би се ограничувало правото на абортус. Голем број пациентки доаѓаа на таква медицинска процедура во таа конзервативна сојузна држава од блиските држави Тексас, Оклахома и Мисури каде абортусот е целосно забранет.

    -Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот. Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе што ќе излегуваат на гласање, а истовремено ќе губите многу повеќе од поумерените поддржувачи на ограничувањата за абортусот – изјави Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита.

    Изјаснувањето во Канзас е прво од неколкуте во САД, на кои државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Најавено е референдумско изјаснување и во сојузните држави Кентаки, Калифорнија, Вермонт, веројатно и во Мичиген.

    Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ САД во пофалбите за резултатите од изјаснувањето во Канзас.

    -Ова гласање го покажува јасно она што веќе го знаеме, дека мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки – рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img