More

    Канада и ЕУ ќе ги санкционираат сите вмешани во признавањето на Доњецк и Луганск

    spot_img

    Во заедничка писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин „да продолжи да ги признава“ регионите Доњецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“.

    – Таквиот потег е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорот од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против оние кои се вклучени во овој незаконски чин-  најавија Фон дер Лајен и Мишел.

    Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, се додава во заедничката изјава.

    И Канадските власти имаат намера да воведат санкции против Русија во врска со нејзината одлука да ги признае т.н. Народни републики Доњецк и Луганск, се наведува во изјавата на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

    – Канада, заедно со своите партнери и сојузници, категорично ќе одговори на ова непочитување на меѓународното право. Ние се подготвуваме да воведеме економски санкции за овие дејствија, но одделно од оние што се подготвени како одговор на секоја понатамошна руска воена интервенција во Украина -рече таа.

    Џоли додаде дека и Канада остро го осудува потегот на Руската Федерација.

    Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека Канада нема да го поддржи признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР и ќе даде „одлучен и цврст одговор“ заедно со своите сојузници.

    Велика Британија денеска ќе објави нови санкции против Русија, најави синоќа британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, откако рускиот претседател Владимир Путин призна два проруски сепаратистички региони во Украина како независни држави.

    Белата куќа објави дека американскиот претседател Џофез Бајден планира да издаде наредба за забрана на какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање во Доњецк и Луганск, проруски области во источна Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img