More

    Камчев сведочеше дека 750 квадрати во станови го чекаат експремиерот на туѓо име

    spot_img

    Три апартмани со површина од 750 метри квадратни во зградата Панорама резиденс, кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање на Никола Груевски, сведочеше денеска бизнисменот Орце Камчев во случајот „Плацови на Водно”.

    Плацовите првично биле купени преку фирмата „Сирах инженеринг“, која е фирма-ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе, а обвинителството тврди дека тоа се правело за да се скрие нивниот краен сопственик – експремиерот Никола Груевски, првообвинет во случајот.

    Камчев рече дека за двете фирми слушнал дури во 2015 година, исто како и за земјиштето на Водно односно откако излегле написи во весниците и почнаа да се објавуваат бомбите.

    – Во мојата канцеларија дојде Ненад Јосифовиќ, вработен како директор на правна служба кај мене, беше вознемирен и ми вика “ова е фирма Сирах која е на мое име, за која не сум ти кажал и која е предадена да прават бизнис зделки”. Ми раскажа кои луѓе се инволвирани во таа почетна приказна, кој побарал, што правел, колку пари се платени. Рековме добро, пробај да се откачиш од таа фирма зашто нема ништо поврзано со тебе. Ниту влез, ниту излез на пари. Месец време потоа ми се јави Сашо Мијалков и ми вика “да го примиш Ристе на кафе”. Ристе Новачевски дојде кај мене, се знаеме, заедно сме учеле во средно школо. Ми кажа дека го праќа Никола Груевски да се видиме во врска со земјиште во сопственост на фирмата каде што Ристе бил директор, а сопственик на истата е Ненад Јосифоиќ – рече Камчев.

    Тој тврдеше дека во тој период не контактирал со Груевски, туку неговата сестра Кристина Камчева контактирала приватно со тогашниот премиер.

    – Во тие денови ми кажа дека за земјиштето што го поседува Сирах, Груевски ја прашал дали може да го купиме. Размисливме што да правиме, познавајќи го неговиот карактер на одмаздољубивост одлучивме да го купиме земјиштето – рече Камчев.

    Потоа, преку сестра му добиле порака од Груевски дека сака да задржи една парцела, а бил потпишан и договор со кој фирмите на Камчеви ќе ја купат фирмата Сирах во чија сопственост биле плацовите. Меѓутоа, потоа Груевски се откажал од целото земјиште и решил да го продаде, а за возврат побарал станови. Било договорено, како компензација да добие три ексклузивни стана со вкупно 750 квадрати.

    Бизнисменот не ги негираше направените трансакции од Орка холдинг во врска со купувањето на уделот во Сирах. Рече дека се е легално направено како што било договорено и нагласи дека не сакал да ја крие сопственоста на Груевски за договорените три стана. Затоа побарал од Груевски да обезбеди фирма која ќе биде соизведувач во зградата што требало да се гради со наведените станови.

    – Фирмата која тој ја договори беше договорено потоа да го врати уделот, а за него да земе надомест 750 квадрати станови кога ќе се издадат имотни листови – рече Камчев додавајќи дека имотните листови се издадени во 2020 година.

    На прашањето што се случува сега со тие три стана, Камчев рече дека исто како што било и со фирмата „Сирах Инженеринг“ каде сопственик и управител само на хартија биле Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачевски, така и овој имот има нереален сопственик а тоа е Мето Стојчевски.

    Обвинителката Лиле Стефанова праша дали во моментов тој е спремен да му посочи на судот точна локација на становите.

    – Да, во зградата Панорама резиденс, три апартмани во површина од 750 метри квадрати, кои не се под залог или под хипотека, се чуваат за примопредавање. Знам дека ги чува Мето Стојчевски и дека ги чува за Никола Груевски. Тоа е она што го знам – рече Камчев.

    Пред бизнисменот, исказ даваше и обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој се јавува како сопственик на офшор фирмата Сирах лимитед, а која потоа во земјава ја отвора фирмата-ќерка Сирах инженеринг, преку која се купуваат плацовите.

    – Во една прилика, Александар Ивановски (Алек Теранова) ме праша и ми побара дали имам странска компанија за потребите на Никола Груевски, а која би се занимавала со дејности од областа на градежништвото – сведочеше Јосифовиќ.

    Тој рече дека фирмата немала пари на своја сметка во тој момент, а информации дека ќе пристигнат пари кои ќе треба да се пренасочат како основачки долг за фирмата во Македонија, добил од Александар Ивановски. За што била употребена фирмата, тврдеше Јосифовиќ, дознал по објавувањето на “бомбите”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img