More

    Каменот „Македонија“ во Треблинка никој не може да го избрише!

    spot_img

    Не знам дали содржината на некои историски учебници ќе се менува, ама знам дека каменот „Македонија“ во Треблинка, кој сведочи за депортацијата на 7.200 македонски Евреи, ќе остане, вели Зоран Петров, поранешен заменик министер за надворешни работи, кој ја предводеше македонската државна делегација која на 24. септември 2008 година во Треблинка, Полска, откри спомен обележје за трагедијата на Евреите од Македонија.

    – На ова место пред 65 години се убиени 7.200 македонски Евреи. На ова место е истребен дел од македонската нација и затоа од исклучително значење е откривањето на каменот на кој пишува „Македонија“. 1.100 од убиените беа деца под десетгодишна возраст и тоа не смее да се заборави – изјави тогаш во својот пригоден говор Петров, инаку долгогодишен новинар.

    Сивиот камен со натпис Македонија беше откриен во полското село на околу 100 километри североисточно од Варшава, покрај мноштвото такви камења на кои беа наведени имињата на државите од кои потекнуваа Евреите убиени во нацистичкиот логор Треблинка.

    – Со откривањето на овој камен Македонија исправи една историска неправда. Бидејќи Македонија и Тракија, дел од денешна Грција, во Втората светска војна беа окупирани и анектирани од Бугарија, Евреите депортирани од овие подрачја беа заведени под името „Бугарија“. Еврејската заедница во Македонија ја откри оваа аномалија и, со помош на тогашниот полски амбасадор во Македонија, Карол Бахура, таа неправда беше исправена – раскажува Петров.

    Тогашни дипломати и активисти на Еврејската заедница во Македонија сведочат дека не било лесно да се интервенира во трајната поставка на меморијалот Треблинка, и дека целата активност траела речиси две ипол децении.

    – Тоа беше постигнато со долгогодишна работа, заложби и меѓународни контакти на Виктор Мизрахи со Раби Андрју Бејкер, Карол Бакура, Качински. Виктор едноставно не можеше да се помири со фактот што македонските Евреи ниту во Треблинка немаат гробно одбележје. Не беше лесно да се интервенира во трајната поставка на меморијалот Треблинка, после толку години. Но, благодарение на овие напори, ете, од 2008 имаат, и тоа на каменот стои „Македонија“ – вели Лилјана Мизрахи, сопруга на поранешниот претседател на Еврејската заедница во Македонија Виктор Мизрахи.

    Благој Зашов, поранешен пратеник, амбасадор и искусен дипломат, вели дека овој успех на македонската дипломатија бил резултат на повеќегодишна напорна работа, која почнала уште во времето на југословенската федерација.

    – Проблемот со бугарскиот камен во Треблинка прв го откри Ѓорги Илиевски Џони, советник во Секретаријатот за односи со странство. Во 1975 година тој беше во Треблинка и донесе информација дека таму има камења на кои се напишани имињата на земјите од кои се депортирани Евреите. Ја имало Бугарија, но не и Југославија. Тој напиша информација која ја пративме до Белград. Имаше нота од ССНР, но полската страна не одговори. Бугарија и Полска во тоа време беа во Варшавскиот пакт и Полска не сакаше да го замени каменот со натпис Бугарија. Тогаш во тие седумдесетти години предлогот беше да се стави натпис „Југославија“ за Евреите депортирани од Македонија и од Србија – раскажува Зашов.

    Тој вели дека подоцна, по осамостојувањето, повторно биле обновени напорите да се актуелизира истото прашање, но овојпат да се стави натпис со име „Македонија“, зашто тоа е земјата од каде се дојдени депортираните македонски Евреи.

    – За ова прашање му зборував на американскиот амбасадор Мајк Ајник уште во 2002, пред да дојде на работа во Скопје. Му кажав дека Бугарија од една страна се фали дека ги спасила нејзините Евреи, а од друга страна ја има на камен во Треблика. Тој тогаш вети дека во Скопје ќе го расчистува ова прашање. Актуелноста со депортацијата на Евреите од Македонија одново откри некои детали од историјата на Бугарија за време на Втората светска војна – вели Зашов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img