More

    Како се прави референдум, чекор по чекор

    spot_img

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вкупно 44, како и група највисоки партиски функционери, претседателот на партијата и членови на Извршниот одбор, денеска во 14 часот почнуваат со собирање на 100 тнр. квалификувани потписи, со кои почнува постапката за иницирање референдум за граѓанско изјаснување.

    – Еве денеска одам за Кичево, зашто според адресата, се наоѓам во Избирачкиот список во тој град. Потписите ги депонираме во општинската канцеларија на ДИК, и први меѓу потпишаните ќе бидеме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како и нашите коалициски партнери – вели пратеникот Антонио Милошоски, со кого разговараме за процедуралните и технички аспекти на иницијативата за покренување на референдумот, во кои тој е детално упатен.

    Откако ќе се соберат 100 потписи, ДИК треба да го испрати Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на државно ниво до претседателот на Собранието, во случајов спикерот Талат Џафери. Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е уредна и дека е во согласност со Законот за референдум, тој треба во рок од три дена да го извести за тоа предлагачот. (член 67 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните од 2005 година, менувам во 2006).

    Доколку спикерот смета дека иницијативата не е уредна, прашањето треба да го стави на дневен ред на Собранието, на наредната седница, но не подоцна од 15 дена од утврдувањето на неуредноста. Потоа Собрението решава дали инцијативата е уредна или не, а спикерот има обврска да го извести предлагачот.

    Тука, според Милошоски, законот не е докрај јасен и спорно е кога почнуваат да течат роковите, и што значи тоа „откако ќе ја утврди неуредноста“.

    – Посојат можности за одолговлекување и интерпретации на роковите, но сметам дека тоа е од ограничен карактер. Не очекуваме големи опструкции. Она што го утврдува спикерот е дали иницијативата е за прашање од надлежност на Собранието и затоа внимававме таа да се однесува на Законот за ратификација на договорот со Бугариаја, а не на самиот договор, зашто во таков случај спикерот, со право, можеше да каже дека договорите не се во надлежност на Собранието туку на Владата и да ја прогласи за неуредна – обајснува Милошоски.

    Кога претседателот на Собранитео ќе утврди дека иницијативата е уредна, преку претседателот на Владата (токму така стои во Законот), го известува органот на државната управа, надлежен за евиденцијата на избирачкото право, во случајов ДИК.

    – Тоа значи дека премиерот Димитар Ковачевски треба да добие известување од спикерот Џафери, по што не е определен рок во кој тој треба да го извести ДИК. Значи, може да прави консултации, или просто да одолговлекува, и не е јасно зошто тука не е предвиден рок. Од друга страна, кога премиерот ќе ја достави иницијативата до ДИК, овој орган има рок од 20 дена да ја почне постапката за собирање 150.000 граѓански потписи, која трае три месеци – објаснува Милошоски.

    Собирањето на потписите на граѓани се врши во подрачните канцеларии на Општинските изборни комиси, што може да биде проблематично за некои граѓани во помали населени места, кои треба да патуваат до седиштето на својата општина, да речеме во друго село. Потписите на граѓаните за граѓанската иницијатива се даваат на образец пред органот на државната управа надлежен за евиденција на избирачкото право, во рамките на работното време, што е уште едно ограничување.

    Откако ќе бидат собрани потписите, тие повторно одат во Собранието во рок од три дена откако се собрани, кое пак е должно да решава за иницијативата за референдум во рок од 30 дена од нивното примање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img