More

    Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

    spot_img

    Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија.

    ChatGPT (Chat Generative Pre-trained Transformer) вообичаено наречен Чет-бот е лансиран од компанијата OpenAI во ноември 2022 година. Тој е изграден на платформа на семејството GPT-јазични модели и е подесен за пристап и пренос на учење и со техники на учење под надзор и со засилување. Тој брзо привлече внимание со неговите детални и артикулирани одговори во многу домени на знаење, со некои мали пропусти.

    Иако основната функција на чет-ботот е да имитира конверзација со човек, неговата примена е разноврсна. На пример, има способност да пишува и да отстранува грешки во компјутерски програми, да компонира музика, теле-драми, бајки и студентски есеи, да одговара на прашања од тестови, (на ниво на надпросечен студент), да пишува поезија и текстови на песни, да игра игри и тн.

    Еве му прилика да се покаже и на полето на дипломатијата.  

    Вештачката интелигенција, која е способна да учи, да комбинира и да наоѓа креативни одговори, врз основа на морето информации што ѝ се достапни преку интернет, вака одговори на поставеното прашање за македоснко-бугарската заврзалама:

    „Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија се фокусира на прашањето за македонскиот идентитет, јазик и историја. Бугарија тврд дека историски, Македонците се всушност Бугари и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Северна Македонија, од друга страна, тврди дека Македонците се посебна етничка група со свој уникатен јазик и култура.

    Едно потенцијално решение за овој спор би можело да биде двете земји да се вклучат во дијалог и преговори за подобро разбирање и почитување на меѓусебните перспективи. Ова може да вклучи историски и културни студии, како и напори за промовирање на меѓусебното разбирање и соработка. Дополнително, меѓународните организации како што се Обединетите нации би можеле да играат улога во олеснувањето на овој процес.

    Друго решение е двете земји да си го признаат суверенитетот и независноста на едни со други и да ги остават настрана историските спорови. Исто така, може да се гради соработка на повеќе полиња како што се економски, културни и политички, за да се подобрат односите меѓу двете земји.

    Одворот, очигледно, е интелигентен, но прашање е само дали има кој да го употреби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img