More

    Како најлесно да се справите со високите температури?

    spot_img

    Денеска во 11:13 часот пристигна астрономското лето, кое уште на почетокот ни донесе многу сонце и високи температури, па поради тоа здравствените власти ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни.

    Раководителот на Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје, д-р Милица Бубало, вели дека во  периодот што следи не очекуваат зголемена работа, и истовремено ги советува граѓаните на што да посветат внимание.

    – Искрено сметам дека граѓаните добро ги знаат препораките на здравствените служби кога станува збор за заштита од топлото време, ги почитуваат и ќе ги почитуваат. Поради тоа не очекуваме зголемена работа за овој период. Нормално дека ќе има случаи каде што ќе треба да интервенираме, но се надеваме дека ќе бидат во помал број – вели д-р Бубало.

    Раководителката на ИМП апелира до граѓаните при топло време да не излегуваат во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна памучна облека, да носат шапка на главата и очила, како и да го заштитат тилот, да консумираат доволно количество течности, кои нема да бидат ни премногу ладни, ни премногу топли, да консумираат свежо приготвена храна и да избегнуваат алкохолни пијалаци и тешка храна.

    – Ниту еден организам не може да издржи прекумерна топлина, особено кога има физичка активност, па затоа треба и младите и возрасните многу да внимаваат. Поради поголема изложеност на високи температури може да се јават секакви симптоми, затоа граѓаните доколку почувствуват нешто што не е вообичаено на нивното секојдневно однесување на телото, да се јават на 194 или кај матичните лекари – вели д-р Бубало.

    Според неа, истото важи и за хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

    Како што претходно нè информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, нè чека многу топло време ова лето со надминување на просечните температури дури и до 3 степени, а најголемо отстапување се очекува во јули, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    – За територијата на Република Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3 степени Целзиусови, речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули – велат од УХРМ.

    Според анализите, за целиот југоисточен регион на Европа се предвидува летните температури да достигнат натпросечни вредности, а тоа важи и за нашата земја.

    Вообичаено при зголемени натпросечни температури Министерството за здравство дава препорака да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Доколку и натаму температурата расте на работодавците им се препорачува адекватна вентилација и по можност климатизација во затворен работен простор, да не работат на отворено за време на најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот, промени во организацијата на работниот процес (воведување двосменска работа), обезбедување засолништа каде вработените можат да се разладуваат одреден период во текот на работата, почести паузи во текот на работата и консумирање течности, работната облека да биде од лесна порозна ткаенина, а при работа на отворен простор да се носат очила и капи, како и предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img