More

    Како изгледаат првите часови на бебето, минута во минута

    spot_img

    Шведските научници внимателно набљудувале 28 новородени бебиња по раѓањето за да видат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од својот живот.

    Истражувањето објавено во медицинското списание „Acta Pediatrics“ покажало дека новороденчето се однесува инстинктивно кога е препуштено на првите слободни движења на телото и при првиот контакт со мајката.

    Ова се некои од промените кои им се случуваат на бебињата во првите минути од нивниот живот.

    Прва минута: Бебињата плачат гласно и луто, што помага да се разбудат нивните бели дробови.

    Втора минута: По првиот плач, бебињата почнуваат да се опуштаат и да се одмораат на градите на мајката.

    Петта минута: Почнуваат да се будат, бебињата за прв пат ги отвораат очите и постепено почнуваат да ги движат главите и усните.

    Осма минута: Бебињата стануваат поактивни и подолго ги држат очите отворени. Гледаат во очите на мајка си, гледаат во градите на мајка си. Со плачење покажуваат дека се гладни и ги вперуваат рацете кон усните.

    18. минута: Бебето повторно одмара бидејќи е уморно.

    36. минута: Бебињата почнуваат да го користат сетилото за мирис, се уште ги интересираат градите на мајката.

    62. минута: Време е за првиот терен. Бебињата пијат колострум, првото мајчино млеко кое содржи бројни хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Раното цицање го стимулира производството на млеко и и помага на матката што побрзо да се врати во претходната состојба.

    70. минута: Бебињата спијат, се одмораат заслужено.

    Треба да се напомене дека истражувањето е спроведено на мал примерок од деца во Шведска, каде бебињата по раѓањето имаат можност да се одморат на градите на мајката и да уживаат во своето прво млеко, што не е привилегија за сите новородени бебиња во светот. пренесува Index.hr.

    Но, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите. Авторите на истражувањето истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а споменатите минути се истакнати како просечни вредности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img