More

    Како е да се биде жена и новинар/медиумски работник во Северна Македонија?

    spot_img

    Во рамки на проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“, синоќа во „Кантина“ беше отворена фотоизложбата на тема „Како е да се биде жена и новинар/медиумски работник во Северна Македонија?“. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 15 мај.

    Изложбата е создадена од делата на учесниците кои учествуваа на повикот за изработка на фото-стории насловен „Сликни го твојот глас!“, чија цел е преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка/медиумски работник во Северна Македонија и проблемите поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле или сѐ уште се соочуваат новинарките, уредничките, жените главни уреднички и жените-сопственички на медиуми.

    Авторки на фотосториите се Фросина Насковиќ и Арбнора Мемети.

    На изложбата беше истакнато дека во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди и дискриминација.

    Беше потенцирано дека оценките на релевантни фактори и организации, како во земјава така и во странство, се дека најголем дел од тие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека зачестуваат.

    Организаторите на изложбата заклучија дека од исклучителна важност е кревање на свеста за тие прашања особено за нападите, заканите и онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

    – За македонското новинарство се вели дека е женска професија. Соодносот меѓу новинарките и новинарите е приближно 60:40. Но, зад овие бројки се кријат други слоеви од вистината. Како што професијата стануваше повеќе женска, така се намалуваа примањата и се зголемуваше јазот во платите. Професијата е женска, но раководството е 80 проценти машко. Новинарките, иако сакаат да се зафатат со најжешките теми, како и нивните машки колеги, често се спречени со зборовите – „таа работа не е за жена“. Жените медиумски професионалци се соочуваат со уште поголем предизвик – односот на јавноста. Вознемирувањето на жените во оваа професија, навредите, сексизмот, заканите, се почести во споредба со мажите. Медиумите, државата, синдикалните организации, професионалните здруженија, новинарите имаат уште многу работа за да постигнат вистинска родова еднаквост – потенцираше на отворањето новинарот Огнен Јаневски.

    Проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ е финансиран од Балканскиот труст за демократија преку Програмата за слобода на медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img