More

    Како европскиот туристички скапоцен камен стана престолнина на кокаинот (ВИДЕО)

    spot_img

    Некогаш попознат по стариот град со калдрма и квартот со дијаманти, Антверпен сега ја носи озлогласената титула европски главен град на кокаинот.

    Поранешниот дилер Пол Мајер за британски „Сан“ раскажа како дрогата лесно се транспортира низ Белгија.

    Познат како Високиот Холанѓанец во меѓународните кругови за шверц на дрога, Пол вели дека некогаш со ноншалантна леснотија превезувал индустриски количества наркотици преку белгиско пристаниште за контејнери.

    – На секои пет-шест недели носевме по 20 тони. Откако ќе го доставите, време е за забава. Без разлика дали се работи за кокаин или за хашиш или за нешто друго, ако сакате да помине низ пристаништето без властите да гледаат во контејнерот, тогаш Антверпен е најдоброто место за тоа – рече тој.

    Минатата година на контејнерското пристаниште беше запленето толку таканаречено „бело злато“ што беше создадена огромна „банка за кокаин“, а спалувачите не можеа доволно брзо да ја согорат дрогата.

    Она што следеше беше крвопролевање и хаос со завојуваните нарко банди кои го користеа пристаништето како место за испорака на кокаин во Велика Британија и низ Европа.

     

     

    Минатиот месец, 11-годишно девојче, по име Фирдаус Ел Ј, почина во Антверпен откако беше фатено во вкрстен оган во картелски конфликт.

    Минатата година ладнокрвно беше убиен Бледар Муца (39), Албанец со лажни британски документи, а камерата сними шокантна слика од убиецот со оружје.

    На околу 40 километри од центарот на Антверпен, нарко-бандата изгради звучна комора за мачење за да се справи со ривалите или оние кои ги измамиле.

    На едно од испитувањата минатата година, беше кажано дека модифицирана стоматолошка столица, комплетна со ремени за рацете и нозете, била пронајдена во контејнер за испорака.

    Една шифрирана порака од член на банда зборуваше за оваа комора на ужаси: „Таа е тројно изолирана. Дури и да застанете до неа, нема да слушнете ништо“.

    Стегачи за прсти, скалпели, клешти, чекани, ножици за кастрење, гасни факели и селотејп се откриени и во контејнерот, познат како „просторија за лекување“.

    Поранешниот дилер Мајер, кој одлежа седум години за трговија со дрога, рече дека не е изненаден од откривањето на комората за мачење.

    – Во мое време изнајмуваа стан, те носеа таму и те мачеа. Или ќе те стават во багажникот на кола и ќе те возеле во шумата и ќе те мачат таму. Кога правиш нешто погрешно, кога не ги исполнуваш ветувањата, кога крадеш, кога лажеш, имаш проблем – рече тој.

    Белгискиот вицепремиер Винсент Ван Квикенборн зборуваше за сопственото искуство кога му се заканувале членови на нарко-бандите, кои ги споредува со терористичката група Исламска држава.

    Ван Квикенборн, кој е и министер за правда, рече дека тој и неговото семејство двапати биле принудени да одат во безбедна куќа поради закани за киднапирање.

    – Во септември на 100 метри од нашата куќа беше пронајден автомобил во кој имало бензин, оружје и работи за врзување. Имаа планови да ме киднапираат. Моравме да останеме во безбедна куќа една недела – изјави тој во видео интервју.

    Уапсени беа шест холандски државјани. Потоа, во декември беше откриена друга закана и семејството го помина Божиќ во безбедна куќа.

    – Тешко ми е. Тогаш гледам што се случува во Италија дека на крајот можеш да ја разбиеш и мафијата, а верувам дека можеме да го направиме истото и во Белгија. Ова е причината зошто не попуштам – рече министерот.

    Заклучен во војна против она што тој го нарекува „нарко-тероризам“, министерот вети дека ќе тргне по шефовите на картелите кои се кријат на места како ОАЕ, Турција и Мароко.

    Па зошто овој прогресивен и елегантен град на Северното Море со 530.000 жители е погоден од „цунами на кокаин“?

    Во областа на пристаништето може да се види море од кранови, камиони во редица и наредени контејнери кои би можеле да наполнат 16.600 фудбалски игралишта. Јасно е зошто е можно дрогата да им побегне на властите.

    Просечно годишно низ Антверпен минуваат 12 милиони контејнери, а само два отсто подлежат на детална царинска проверка. Можностите за шверц на дрога преку ова пристаниште се речиси неограничени.

    – Бананите се многу популарен начин за шверц на кокаин од Латинска Америка во Европа поради две причини. Бананите се главниот извозен производ од Латинска Америка и тие брзо се расипуваат, така што има постојан притисок брзо да се стигне до потрошувачите – вели Фатјона Мејдини, директорка за Југоисточна Европа во Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

    Банди од Балканот

    Клучна улога во овој нелегален бизнис имаат криминалните организации од Западен Балкан, претежно од Хрватска и Албанија, тврди „Економист“ кој направил извештај за тоа.

    Многу европски мафијашки групи го најдоа својот интерес за овие факти и ја презедоа контролата врз дистрибуцијата. Мафијашките организации од балканските земји како Албанија, Хрватска и Босна и Херцеговина се особено познати по нивниот успех и насилните методи. Воените настани и неволјите на Балканот поттикнаа многумина да се свртат кон криминалот.

    – Балканските мафии ги искористија насилните искуства, толеранцијата за насилство и достапноста на оружјето, како и познавањето на странски јазици. Криминалните организации од Западен Балкан се покажаа како многу добри претприемачи – вели Волтер Кемп, директор за глобална стратегија во Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

    Балканските мафии развија одредени вештини кои им овозможија, по шверцот на хероин и цигари, одгледувањето канабис и шверцот на луѓе, да се посветат на попрофитабилни бизниси, како што е шверцот на кокаин, објасни соработникот на Кемп, Мејдини.

     

     

    Минатата година царината заплени рекордни 110 тони кокаин, чија улична вредност би била повеќе од 12 милијарди евра.

    Најпопуларните земји на потекло се Панама во Централна Америка, потоа Колумбија и Перу, двете во Јужна Америка.

    На прв поглед, уловот остави значаен белег на меѓународната трговија на картелот. Сепак, според Ван Квикенборн, само 11 отсто од дрогата пристигнува на пристаништето.

    – Експертите велат дека ако го зголемиме на 20 проценти, ќе можеме да им го уништиме бизнис моделот. А 90 отсто од кокаинот што пристигнува во Антверпен не е наменет за локалниот пазар, туку оди во Холандија и Велика Британија – рече тој.

    Освен балканските банди има и банди од Холандија, Италија, Мароко…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img