More

    Како денес изгледа омиленото место за шопинг на Југословените?

    spot_img

    Во последните месеци илјадници бегалци стигнаа до Трст преку балканската рута. Но, таму не се пречекани со раширени раце. Помошта за бегалците не е омилена тема меѓу италијанските политичари.

    Студена ноќ во Трст. Исмаил води група млади мажи до трошен напуштен силос, зад станицата. Ќе спие таму. Со нив е и тимот на Дојче веле. Пакистанецот Исмаил со години живее и работи во Трст. Тој тврди дека толку голем број бегалци никогаш не пристигнале во Италија преку балканската рута.

    – Овде моментално има 50 луѓе. Некои сакаат да продолжат на север, други поднеле барање за азил. Во прифатниот центар нема место за сите, па некои се принудени да спијат овде. Некои поминаа три месеци тука. Кога залади, изградија и бараки – вели Исмаил на течен италијански.

    Меѓу бегалците кои се кријат од студот во силосот е и 18-годишниот Амир. Тој и неговите пријатели се тука веќе неколку недели. Амир му кажал на Исмаил дека го напуштиле Пакистан пред три години.

    – Преку Иран стигнале до Турција и на крајот по неколку неуспешни обиди стигнале до Европа. Тој бил четиринаесет пати вратен во Турција од Грција и пет пати од Бугарија – вели Исмаил.

    Амир и неговите пријатели во придружба на Исмаил и тимот на Дојче веле го напуштаат своето скривалиште и се упатуваат кон Плоштадот Слобода. Тоа беше првото место што го видоа Амир, Ерфад и Хусеин и Исмаил кога пристигнале во Трст.

    – Пред да пристигнеме во Трст, бевме во Србија речиси два месеци, а потоа во Босна околу четири месеци. Беше многу тешко. Го минавме целиот пат – се сеќаваат тројцата млади луѓе.

    Во цела 2021 година, во Трст пристигнаа околу 4.000 бегалци, а само во октомври и ноември 2022 година пристигнаа околу 5.000 бегалци. Франческо Цибати и други волонтери на невладината „Linea d’ombra“ ги снабдуваат со облека, информации за нивните права и топол оброк.

    – Секој ден, во зависност од ситуацијата, порачуваме од 15 до 40 печени кокошки. Секојдневно храниме од 30 до 40 луѓе, понекогаш таа бројка достигнува и до 120. Имавме рекордна бројка минатото лето, кога дојдоа 174 луѓе – објаснува Цибати.

    Јасно е дека Италија и градот Трст се слабо посветени да им помогнат на бегалците.

    – Три ипол години секој ден доаѓаме на градскиот плоштад за да им помогнеме. Ние сме само грст обични граѓани на Трст. Ова само покажува колку државните институции се грижат за бегалците, иако им е должност да им обезбедат покрив над глава. Некои од бегалците побарале азил и имаат право на домување. Но тоа не им е обезбедено – вели Цибати.

    Градското собрание на Трст ги отфрла овие обвинувања. Градоначалникот Роберто Дипијача тврди дека направил многу за бегалците во својот 16 годишен стаж. Сепак, поради јурисдикциски прашања, тој го отфрли планот за изградба на сместувачки капацитет за околу осумдесет лица. Грижата за бегалците очигледно не е омилена тема на италијанските политичари.

    – Ако создадам сместувачки капацитети за одреден број бегалци, ќе дојдат повеќе. Тогаш е проблем. Ве потсетувам дека ова прашање не е во моја надлежност, туку во надлежност на регионалната администрација. Таа треба да стави на располагање празни бараки и со што се обезбеди сместување за овие несреќници – тврди Дипијача.

    На Амир и неговите пријатели не им преостанува ништо друго освен да се кријат од зимата меѓу картонските кутии и ѓубрето, но и да чекаат среќата конечно да им се насмевне.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img