More

    Каков е животот со 8 жени?

    spot_img

    Бразилецот Артур О’Урсо го привлече вниманието на јавноста откако откри дека е во врска со 9 жени. Сепак, една од нив во меѓувреме го напушти. Како и да е, тој проговори што сѐ им треба, и за што сѐ е задолжен околу своите незаконски „сопруги“.

    Како што самиот вели, животот на овој Бразилец е далеку од едноставен. Признава дека не е секогаш лесно да биде во чекор со барањата на девојките. За да ги задржи задоволни, меѓу другото на пример, мажот мора да го одржува своето тело извајано.

    – Тие бараат постојано да бидам во форма, или следуваат „лекции“… Па, морам во вежбалница, а и од исхраната ги исфрлив јагленохидратите. Не внесувам глутен, лактоза, па дури ни леб, ни тестенини. Некои од нив не сакаат толку многу да ме гледаат како се грижам за себе… Но, тие се само љубоморни – вели тој.

    Покрај тоа, човекот мора да состави и „секс-распоред“, за да не се доведе до исцрпеност. Секоја од дамите има различен вкус, па некои од нив и не се среќни што тој толку многу се посветува на својот изглед.

    О’Урсо првично бил во брак со Луана Казаки, а со неа споделувал секси-снимки со што заработувале до 73.000 долари месечно на страницата „Онлифанс“ (OnlyFans).

    Сепак, лани човекот реши да ѝ пркоси на „здодевната моногамија“ и „да протестира“ против неа. Венчавката со уште 8 други жени не била законска, бидејќи во Бразил полигамијата е забранета. Но, свадбена свеченост имало. Во меѓувреме, една од нив, по име Агата, решила да ја напушти таа заедница, бидејќи не сакала да го дели својот сопруг со други жени.

    – Па, едната ме сакаше само за себе. Мислам дека таа е себична… Сѐ е подобро кога се споделува! Мојата желба отсекогаш била да имам 10 жени. Имам само една ќерка, но сакам да имам дете со секоја моја сопруга. Љубовта што ја чувствувам кон секоја од нив е иста – нагласува тој.

    И неговите партнерки се согласуваат со него. Тој смета дека ставот на Агата е погрешен и дека таа се согласила на бракот само заради авантура, а не поради вистински чувства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img