More

    Казнет поради вознемирување и говор на омраза

    spot_img

    На Канје Вест му е забрането да присуствува и настапува на Греми наградите, потврди неговиот медиумски претставник, пишува магазинот „Пипл“.

    Одлуката раперот да не се појави на доделувањето на наградите е донесена поради неговото однесување на интернет и фактот што неговиот инстаграм-профил неодамна беше суспендиран, поради несоодветни објави. Имено, Канје во средата беше суспендиран од популарната социјална мрежа поради кршење на политиката на платформата за говор на омраза, малтретирање и вознемирување.

    Канје наводно користел расни навреди за да го опише водителот на емисијата „Дејли шоу“, Тревор Ноа, кој неодамна го критикуваше Вест дека јавно ја малтретира својата поранешна Ким Кардашијан за време на процесот на развод. Затоа Инстаграм ја отстрани содржината од профилот на раперот и го ограничи неговиот профил на објавување, коментирање и испраќање директни пораки во текот на 24 часа.

    Тревор Ноа ќе биде домаќин на овогодинешните Греми награди.

    Оваа година, Вест беше номиниран за пет награди Греми, од кои четири се за работа на неговиот 10-ти студиски албум „Донда“, објавен во август 2021 година: најдобра рап-песна, најдобра мелодична рап-изведба, најдобар рап-албум и албум на годината.

    На почетокот на овој месец, Вест објави мизичкио видеоспот за својот сингл „Eazy“, во кој го илустрираше сегашното момче на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Имено, во видеото се појавува анимираниот Пит Дејвидсон, кој е киднапиран, врзан, а на крајот и закопан. Многумина беа згрозени од постапката на Канје, па веројатно и тоа е една од причините поради која доби забрана за настап на Греми наградите.

    Инаку, Вест во последно време редовно споделува детали од неговиот однос со Ким, но и мислење за нејзиното момче.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img