More

    Каде беше Даниела Мартиновиќ додека се женеше Петар Грашо?

    spot_img

    Додека нејзиниот поранешен партнер Петар Грашо ја прославуваше венчавката со Хана Хуљиќ, Даниела Мартиновиќ беше на друга венчавка.

    Даниела била добро расположена и пеела на свадба која се одржала во загрепска „Еспланада“. Гостите споделија на Инстаграм снимки од нејзиниот настап на кои се гледа како пее во тесен црвен фустан до подот.

    Даниела ги забавуваше присутните со насмевка на лицето, пеејќи различни хрватски хитови, меѓу кои и песната „Љубе се добри, лоши, зли“.

    Родителите на Хана, Вјекослав и Тончи, ги напишаа текстовите, музиката и песните за групата „Магазин“.

    Да потсетиме, за раскинувањето на Даниела и Грашо се дозна во мај минатата година. Тие ѝ ставија крај на врската по 24 години.

    „Точно е дека Даниела и Петар живеат на одвоени адреси во последните месеци, како поради деловните проекти така и поради одредени лични причини“, изјавила тогаш за хрватски „Индекс“ соработничката на Грашо, Мартина Подгорски.

    Нејзиниот поранешен партнер, вчера се ожени со 14 години помладата Хана, а заедно го чекаат своето прво дете.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img