More

    И „V“ Нема јавно прикажување на знаци поврзани со руската агресија

    spot_img

    Парламентот на Летонија усвои закон со кој се забранува истакнување на буквите „Z“ и „V“ во јавноста, велејќи дека симболите што ги користат руските трупи во Украина за ги распознаваат своите тенкови од непријателските значат величење на агресијата и на воените злосторства, пишува РТ. Летонија ја донесе оваа одлука по итна пстапка откако владата во Киев повика на цензура на симболите.

    Новиот закон, исто така, вели дека нема да се даваат дозволи за јавни настани доколку тие се одржуваат на помалку од 200 метри од спомениците во чест на советската армија во Летонија. Поединците осудени според новиот закон ќе бидат казнети со парична казна до 400 евра, додека фирмите може да бидат казнети до 3.200 евра.

    „Во осуда на руските непријателства во Украина, мораме да заземеме цврст став дека симболите што ја величаат руската воена агресија, како што се буквите „Z“, „V“ или други симболи што се користат за такви цели, немаат место на јавни настани“, пишува Артус Кејминс, претседател на Комисијата за човекови права и односи со јавноста на Парламентот во соопштението.
    Неговите зборови се скоро идентични со оние на украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, кој претходно неделава го повика целиот свет да ја „криминализира“ употребата на „Z“ како поддршка за руското „варварство“.

    Неколку германски покраини веќе рекоа дека ќе казнуваат поединци за прикажување на симболот. Соседот на Летонија, Литванија, исто така, размислува за забрана на „Z“, како и црно-портокаловата лента на Свети Ѓорѓи, користена за победнички медали на советската армија вот Втората светска војна.

    Но, ова не е единствениот инцидент со симболи предизвикан од војната во Украина. Вчера, Словенија беше принудена да го симне своето знаме од амбасадата во Киев по барање на украинските власти, затоа што премногу личело на руското државно знаме.

    Словенечки дипломат во четвртокот откри дека од неговата амбасада во Киев било побарано да го симне нивното знаме бидејќи било премногу слично на руското знаме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img