More

    И натаму ќе мора да се поседуваат сертификати за вакцинација за да може да се оди во кафеана, во трговски центар и во други места каде ова е задолжително

    spot_img

    Одговарајќи на новинарско прашање, д-р Мехмедовиќ рече дека и натаму ќе мора да се поседуваат сертификати за вакцинација за да може да се оди во кафеана, во трговски центар и во други места каде ова е задолжително.

    Според Комисијата за заразни болести, иако се бележи намалување на бројот на заболени со ковид-19, овие мерки е неопходно да останат активни.

    – Вакцинацијата во нашата држава изнесува 41%. Зборуваме за две примени дози. И дека е премногу низок опфатот со вакцинација за да се размислува во насока на тоа да има укинување на некоја до мерките коишто спречуваат трансмисија на вирусот. Она што беше денска дискутирано е дека сѐ уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на актуелните мерки, вклучувајќи ги и сертификатите може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети – рече Мехмедовиќ.

    Како што претходно информираше во моментов се предложени укинувања на само две мерки, а тоа е сертификат за прележаност, вакцинација или негативен ПЦР тест да се приложи при излез од државата. Другата, се однесува на бремените жени и нивно враќање на работа иако е пандемија, со препорака да се вакцинираат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img