More

    И Доналд Трамп го даде своето мислење за пукањето на гасоводите Северен тек 1 и 2

    spot_img

    И Доналд Трамп го даде своето мислење за пукањето на гасоводите Северен тек 1 и 2. Тој на својата мрежа СоцијалнаВистина го сподели видеото од претседателот Џо Бајден кој во февруари годинава рекол дека „ќе му стави крај на Северен тек 2“ , ако Русите ја нападнат Украина, видео за кое Плусинфо веќе пишуваше.

    „Леле, каква изјава. Трета светска војна, сака некој?“, напиша Трамп, во краток коментар под видеото.

    Дејли мејл му се обрати на портпаролот на Трамп, Тејлор Будович за појаснување, но тој рече само дека „изјавите на поранешниот американски претседател зборуваат сами за себе“.

     

    Трамп, всушност, посвети неколку објави на, како што рече, „саботажата“ на гасоводите Северен тек 1 и 2. Во една од пораките, тој го советуваше американското раководство да биде „ладно, мирно и суво“ за целата ситуација. Протекувањето беше „голем настан што не треба да бара големо решение, барем не сè уште“, напиша 76-годишниот политичар кој смета дека воена конфронтација меѓу Москва и Киев „дефинитивно немаше да се случи ако јас бев претседател“.

    „Вашингтон треба да работи на договор за мир меѓу Русија и Украина“, инсистира Трамп.

    „Двете страни имаат потреба и сакаат. Целиот свет е во прашање. Јас ќе ја предводам групата???” предложи тој во една од објавите.

    Трамп, кој воведе санкции за проектот „Северен тек 2“ додека беше на функција, ги потсети своите следбеници во друга објава дека тој бил оној кој му предочил на светот на гасоводите „колку осакатувачка може да биде зависноста од него за Германија и за други делови на Европа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img