More

    ИФАБ, телото задолжено за промена на правилата на фудбалската игра, ќе разговара за радикални промени кога станува збор за должината на фудбалските натпревари

    spot_img

    ИФАБ, телото задолжено за промена на правилата на фудбалската игра, ќе разговара за радикални промени кога станува збор за должината на фудбалските натпревари.

    Многумина се жалат дека фудбалот има огромен проблем со губењето на активното време за игра, а британски Тајмс наведува дека ќе бидат разгледани три предлози. Првиот е драстично да се зголеми времето на судијското продолжување, како што беше случајот за време на Светското првенство во Катар, кога судиските продолжувања траеја десет минути, втората опција е да се подобрат сегашните правила, и третата е да се запира сметањето на времето кога топката не е во игра.

    Тој трет предлог е најреволуционерен, а го поддржува и потпретседателот на Арсенал, Дејвид Деин.

    – Не велам дека секогаш треба да го запирате времето, но треба за време на голови, замени, пенали, повреди и проверка на ВАР – изјави Деин.

    Денеска ИФАБ ќе одржи состанок на кој ќе разговара за потенцијалните опции. Извесно е дека од одлуката до нејзиното спроведување ќе поминат најмалку две години.

    Бројот на минути чиста игра во Премиер лигата е во постојан пад од сезона во сезона, а оваа сезона е на најниските бројки во историјата. Само 56 отсто од вкупното време на игра се играат на натпреварите во Премиер лигата, што е неприфатливо за раководството на најскапата лига во светот.

    Поранешниот судија Хауард Веб, покрај проблемите со ВАР, ова го означи и како најголем проблем во англискиот фудбал и вели дека ќе направи се за да му се стави крај. Според анализите на Скај спортс, на дури 23 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, топката била надвор од игра во повеќе од 50 проценти од времето, а на натпреварот помеѓу Кристал Палас и Лидс во октомври лани, топката била во игра само 44 од вкупно 101 минута.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img