More

    Италија избра песна за Евровизија

    spot_img

    Финалето на 72. издание на познатиот италијански фестивал „Санремо“ се одржа во саботата вечер, а победата во тензичното финале ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Бривиди“.

    Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг во Торино, каде што натпреварот ќе се одржи во мај, благодарение на минатогодишната победа на групата „Манескин“, која на чело со фронтменот Дамиано Манескин стана вистинска светска сензација.

    Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија, но важно е да се напомене дека досега се познати само девет песни кои ќе ги слушнеме на овогодинешниот натпревар.

    Инаку, Махмуд веќе им е добро познат на фановите на Евровизија, со оглед на тоа што веќе еднаш ја претставуваше Италија во 2019 година со песната „Солди“, кога го освои високото второ место.

    Слушнете ја песната која ќе биде италијански претставник на овогодинешната Евровизија:

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img