More

    Италијанци: Подготвувате ли автобус на Берлускони полн со проститутки?

    spot_img

    Силвио Берлускони, контроверзниот сопственик на италијанскиот прволигаш Монца, им вети на играчите на клупската божиќна вечера. Го зеде микрофонот и рече:

    „Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момчиња. На играчите им дадов дополнителен мотив со тоа што кажав дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со проститутки во соблекувалната“.

    Монца во неделата го победи Јувентус со 2:0. Со головите на Патрик Сиури и Дени Мота, Монца го престигна Јувентус на табелата во Серија А. Сега е 11-ти со 25 бодови, односно два повеќе од 12-от Јувентус, кој на почетокот на годинава беше казнет со одземање на 15 бода поради финансиска измама.

    Берлускони се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година. Тоа и самиот го потврди во интервју за La Repubblica, признавајќи дека автобусот со проститутки бил спомнат и тоа не само еднаш.

    „Веќе примив 100 телефонски повици со кои се бараше да си го одржам зборот“, рече тој.

    Во таа насока беше и соопштението на администраторот на клупската социјална мрежа, или барем така италијански извори ја толкуваат фотографијата објавена на Твитер. Берлускони е на потег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img