More

    Италијанската убавица Моника Белучи објави серија фотографии од доделувањето на наградите „Марија Калас Монако гала“

    spot_img

    Италијанската убавица Моника Белучи објави серија фотографии од доделувањето на наградите „Марија Калас Монако гала“, а многумина ја критикуваа за претераниот фотошоп на фотографиите. Италијанската актерка, која е позната по својата природна убавина, позираше во долг фустан со изрез, кој ѝ прилегал совршено.

    Комбинацијата ја кренала на уште повисоко ниво со елегантен ѓердан и обетки, како и исфенирана коса и ефектна шминка.

     

    Меѓутоа, многумина се разочарале бидејќи забележале дека фотографиите се непотребно обработени.

    „Зошто толку фотошоп за неа?“, напишал еден разочаран следбеник на Инстаграм, а неговиот коментар добил над 600 лајкови.

    „На твоите фотографии не им се потребни филтери. Прекрасна си и без нив“, се согласил друг, а трет ѝ порачал: „Ти си толку прекрасна, нема потреба да го уредуваш своето лице преку апликации“.

     

    Инаку, 57-годишната актерка постојано секогаш добива пофалби поради својата природна убавина и достоинственото стареење бидејќи, колку што е познато, не се подложила на никакви естетски корекции.

    Претходно Белучи истакна дека се гордее со своите брчки.

    – Тие се само доказ дека во животот сте успеале да ги совладате пречките. Брчките се нашите лузни – изјавила Моника во едно интервју.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img