More

    Истражувачите дизајнирале електрични стапчиња за јадење кои го регулираат внесот на сол

    spot_img

    Јапонски истражувачи развија компјутеризирани стапчиња за јадење кои ја регулираат соленоста на храната и би можеле да им помогнат на луѓето кои треба да го намалат внесот на натриум поради здравствени причини.

    Стапчињата, развиени во соработка со професорот од јапонскиот универзитет Меиџи, Хомеи Мијашита и производителот на пијалоци Kirin Holdings Co., помагаат да се подобри вкусот на храната со користење на електростимулација и мини-компјутер кој се носи околу зглобот, како нараквица.

    Уредот користи слаба електрична струја за да ги пренесе натриумовите јони од храната преку стапчиња за јадење до устата, каде што се создава чувство на соленост, рече Мијашита.

    „Како резултат на тој процес, солениот вкус се засилува за еден и пол пати“, вели тој.

    Мијашита и членовите на неговата лабораторија истражувале различни начини на кои технологијата може да ги стимулира човечките сетилни искуства.

    Научникот претходно разви ТВ екран кој може да имитира различни вкусови на храна.

    Стапчињата кои го подобруваат вкусот на храната се од посебно значење за жителите на Јапонија, каде традиционалната исхрана ги фаворизира посолените вкусови.

    Просечен возрасен Јапонец консумира околу 10 грама сол дневно, што е двојно повеќе од препорачаната количина од Светската здравствена организација.

    Прекумерниот внес на натриум е поврзан со зголемена инциденца на висок крвен притисок, мозочен удар и други болести.

    „За да го спречиме развојот на овие болести, треба да ја намалиме количината на сол што ја внесуваме во телото“, вели истражувачот Кирина Аи Сато.

    „За да се обидеме да избегнеме користење помалку сол на конвенционален начин, треба да се откажеме или барем да го намалиме количеството на нашата омилена храна и оброци во секојдневната исхрана или да се префрлиме на јадење несолена и зачинета храна“, вели Аи Сато.

    Мијашита и Кирин ги усовршуваат своите прототип стапчиња и се надеваат дека ќе можат да ги комерцијализираат следната година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img