More

    Истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Судија донесе решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.​​

    „На 2 февруари, на излез од државата на граничниот премин Табановце, тој неовластено заради продажба држел и пренесувал наркотична дрога – хероин. Во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Скопје-Копер, Р.Словенија, осомничениот во горниот багажен дел од автобусот, во најлонска кеса, пренесувал вкупно 1.091 грама хероин“, се наведува во соопштението од Службата за односи со јавноста во Jавно обвинителство.

    Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднел предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода или да ја попречува истрагата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img