More

    Ископот на јаглен продолжува според планираната динамика

    spot_img

    Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, соошти АД Електрани на Северна Македонија – ЕЛЕМ.

    Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

    – Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет – порача Ковачевски.

    АД ЕЛЕМ информира дека покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинаа со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот и дека таму продолжуваат планираните техничко-технолошки зафати за континуиран ископ на јаглен и јаловина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img