More

    Иран со бесење погуби британски државјанин под обвинение за шпионажа

    spot_img

    Иран со бесење го погуби Британско-Иранецот Алиреза Акбари, објави во саботата новинската агенција Мизан, откако го осуди на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија.Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во петокот рече дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик министер за одбрана на Иран.

    Велика Британија ја опиша смртната казна како политички мотивирана и повика на негово итно ослободување.

    „Алиреза Акбари, кој беше осуден на смрт под обвинение за корупција и опсежни дејствија против внатрешната и надворешната безбедност на земјата преку шпионажа за британското владино разузнавање… е погубен“, напиша Мизан на Твитер.

    Тој е обвинет дека за шпионажа примил 1.805.000 евра, 265.000 фунти и 50.000 долари.

    Во аудио снимка емитувана од Би-Би-Си на персиски во средата, Акбари рече дека ги признал злосторствата што не ги извршил за време на неколкумесечната тортура во притвор.

    Иранските државни медиуми во четвртокот објавија видео во кое се вели дека покажува дека Акбари одиграл улога во атентатот во 2020 година на врвниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, убиен во напад во 2020 година надвор од Техеран за кој тогашните власти го обвинија Израел.

    Во видеото, Акбари не признава вмешаност во атентатот, но вели дека британски агент побарал од него информации за Фахризаде.

    Врските меѓу Лондон и Техеран се влошија во последниве месеци, бидејќи напорите за заживување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, во кој страна е и Велика Британија, заглавија.

    Велика Британија, исто така, го критикуваше насилното задушување на антивладините протести од Иран предизвикани од смртта во притвор на 22-годишната курдска девојка Махса Амини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img