More

    Иран бара исклучување на САД од Светското првенство

    spot_img

    Иранската фудбалска федерација бара казна од 10 натпревари за репрезентацијата на САД поради навреда на достоинството на нивната земја, пишува „The Guardian”.

    Според британскиот медиум, Иран е незадоволен од тоа што прес-службата на американскиот тим објавила фотографија од иранското знаме без амблемот на Исламската Република на него.

    Жалбата е испратена до Етичкиот комитет на ФИФА.

    Во соопштението на Федерацијата се вели дека Соединетите држави одлучиле да ја тргнат сликата на официјалното знаме на Иран со цел да покажат „поддршка на жените во Иран кои се борат за човековите права”.

    Натпреварот од групната фаза на Светското првенство во 2022 година Иран – САД ќе се игра утре од 20 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img