More

    Иранските власти го обвинуваат поранешниот најдобар азиски фудбалер за нередите

    spot_img

    Иранските власти го обвинија најдобриот азиски фудбалер во 2004 година, Али Карими (43) за поттикнување на протестите предизвикани по смртта на Махса Амини, дознаваат локалните медиуми.

    „Али Карими, еден од главните водачи на неодамнешните немири во земјата, го гонат правосудните органи за поттикнување протести како непријател на државата“, објави во вторникот новинската агенција Мехр.

    Иран е место на протести откако на 16 септември почина 22-годишна Иранска Курдка, откако беше уапсена во Техеран од полицијата, која ја обвини дека го прекршила кодексот за облекување на Исламската Република за жените, особено за носење превез. Десетици луѓе, главно демонстранти, но и припадници на безбедносните сили, се убиени од 16 септември за време на митинзи кои властите ги опишаа како „немири“, додека стотици други се уапсени.
    Поранешниот ирански фудбалер и поранешен играч за врска на Баерн Минхен веќе неколку месеци живее во Обединетите Арапски Емирати. По смртта на Махса Амини, тој преку социјалните мрежи го поддржа протестното движење и ја осуди смртта на младата жена.

    Во средата, ултраконзервативниот весник „Кајхан“ го обвини дека „режира немири“ и „долева масло на огнот“ и на тој начин доведе до „убиства на многу млади луѓе“ во земјата.

    Али Карими со прекар „Магионичарот“ е трет најуспешен играч и петти стрелец на иранската репрезентација. Тој беше избран за играч на годината во Азија во 2004 година, а помина две сезони играјќи за гигантот Баерн Минхен помеѓу 2005 и 2007 година.
    Неколку познати ирански спортисти, актери и филмаџии отворено го поддржаа протестното движење, барајќи од властите да ги слушнат барањата на населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img