More

    Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 8,9 проценти

    spot_img

    Инфлацијата во еврозоната во јули нагло забрза достигнувајќи ново рекордно ниво од 8,9 отсто, предизвикана од континуираниот раст на цените на енергијата и храната, покажаа денеска првите проценки на Евростат.

    Растот на потрошувачките цени во 19-те земји од еврозоната, изразен со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени ХИЦП (HICP), силно забрза во јули на годишно ниво, на 8,9 отсто, од 8,6 отсто во јуни, според првата проценка на Европската статистичка служба.

    Главната причина за силното забрзување и понатаму е порастот на цените на енергенсите, предизвикан од војната во Украина и санкциите против Русија поради инвазијата на соседната земја, како и неизвесностите во однос на снабдувањето со гас.

    Цените на енергијата во последниот месец во еврозоната беа за 39,7 отсто повисоки во однос на истиот месец минатата година, по 42 отсто пораст во јуни.

    Цените на храната продолжуваат значително да растат, па така во јули биле за 11 отсто повисоки од истиот период лани, а речиси за истиот процент беа зголемени и еден месец претходно, покажуваат првите проценки на Евростат.

    Кога се исклучени високо нестабилните цени на енергијата и храната, годишната инфлација забрза на пет отсто во јули, од 4,6 отсто еден месец порано.

    Балтичките земји забележаа највисоки годишни стапки на инфлација во јули, а Естонија повторно имаше највисока, од 22,7 отсто. Во Летонија и Литванија тие достигнуваат 21 и 20,8 отсто.

    Половина од земјите во еврозоната имаат двоцифрени годишни стапки на инфлација, а во опсег од 10 до 20 отсто највисока бележи Словачка – 12,8 отсто. Блиску се и Словенија, Холандија и Грција со инфлација од околу 11,6 отсто.

    Инфлација пониска од 10 отсто е забележана во Ирска, 9,6 отсто и Португалија со 9,4 отсто. Следуваат Луксембург и Австрија со раст на потрошувачките цени од 9,3 отсто на годишна основа.

    Германија и Италија, прва и трета по големина економија, според првичните проценки бележат инфлација од 8,5, односно 8,4 отсто.

    Најниска инфлација има Малта, 6,5 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img