More

    Интегративците го поздравуваат стартот на преговорите со ЕУ

    spot_img

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздравува почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

    „Утре, вторник, 19 јули 2022 година, во Брисел, Северна Македонија и Европската Унија ќе ја одржат првата меѓувладина конференција што го означува започнувањето на пристапните преговори по долгогодишно чекање за земјата и нашите граѓани. Исто така, утре ќе започне процесот на скрининг од страна на Европската Унија на сите наши институции, процес кој уште повеќе ќе не доближи до европските стандарди“, велат од ДУИ.

    ДУИ смета дека Собранието и Владата на постапиле правилно, храбро и мудро во однос на предлогот на Советот на ЕУ, со што започнуваат преговорите, како и се зачувуваат идентитетот, јазикот и културата на Македонците.

    „Деструктивните сили во служба на странските агенди продолжуваат да сеат политики на страв кај граѓаните преку создавање на нереални ситуации за создавање политички, етнички и безбедносни тензии со единствена цел постигнување на партиски придобивки, но граѓаните се оградија од овие изолирачки и деструктивни сценарија со неучеството на протестите против ЕУ. Времето ќе докаже кој е во право и кој ја злоупотребува иднината на државата за партиски кампањи и во служба на странски агенди“, додаваат од партијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img