More

    Инспекторатот ѝ наложи на Цементарницата да не користи мазут

    spot_img

    Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое се наложува на цементарницата „Титан УСЈЕ“ во рок од 5 дена да почне да се грее на гас, а не на мазут. Министерството за животна средина на 3 и 4 јануари извршило мерање на емисија на гасови и прашина од оџаците на печките за клинкер, емисија на гасови од оџакот на котларата за парно греење и амбиентниот воздух во кругот на цементарницата. Било констатирано дека котланата за загревање на деловните простории наместо гас користи мазут и има надминувања на дозволените параметри.

    „Во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката да користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да се изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитрана метода. Да се изврши мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина“, се вели во решението од Инспекторатот за животна средина.

    Доколку „УСЈЕ“ продолжи да се грее на мазут Државниот инспекторат за животна средина ќе поведе прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд, како и постапка за одземање на дозволите за работа и овластувања.

    Градоначалничката Данела Арсовска вчера на вонредна прес-конференција рече дека „УСЈЕ“ го загадува воздухот и ги труе скопјани и дека тоа го констатирале инспекции при проверките од 26 и 27 декември и на 3 и 4 јануари.

    Ваквите изјави на Арсовска ги негирашеа раководството на „УСЈЕ“ велејќи дека Арсовска манипулира и дека на 26 и 27 декември лани вакви мерења воопшто не се направени во кругот на фабриката. Од „УСЈЕ“ признаа дека се греат на мазут и дека при контролата на Министерството за животна средина биле констатирани надминувања на дозволените граници, но велат нема загадување од производствениот процес, што го покажува и решението од Инспекторатот.

    Од „УСЈЕ“ велат дека компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на Инспекторатот и ќе направи замена на мазутот со природен гас.

    Од Цементарницата уште велат дека емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Исто така, производството запира доколку филтрите не работат, зашто технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите – соопштија од Цементарница УСЈЕ.

    foto Plusinfo

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img