More

    Индиските фирми тргуваат со валутата на ОАЕ

    spot_img

    Русија бара исплата во дирхами, валутата на Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ), за извоз на нафта на фирми од Индија, велат три извори за Ројтерс кои покажале и  документ од фактурите. Според нив ова е доказ дека Москва се оддалечува од американскиот долар за да ги намали ефектите од западните санкции.

    Фактурата што ја видел Ројтерс покажува дека сметката за снабдување нафта на една рафинерка се пресметува во долари, додека плаќањето се бара во дирхами.

    Рускиот магнат „Роснефт“ продава сурова нафта преку фирми, кои ги вклучуваат „Еверест енерџи“ и „Корал енерџи“ од Индија, земја која сега е нејзин втор најголем купувач на нафта по Кина.

    Западните санкции поттикнаа многу увозници на нафта да ја избегнуваат Москва, притискајќи ги цените на руската сурова нафта да забележат попусти во однос на другите сорти. Тоа им даде можност на индиските рафинери, кои ретко купуваа руска нафта поради високите трошоци за превоз, да го зголемат извозот со големи попусти кон производите на Брент и Блискиот Исток.

    Најмалку две индиски рафинери веќе подмириле некои плаќања во дирхами, рекоа изворите, додавајќи дека и други ќе направат такви плаќања во наредните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img