More

    Името на Алина Кабаева исчезна од империјата со која управува

    spot_img

    Откако Америка неодамна ги санкционираше ќерките на рускиот претседател Владимир Путин и семејството на Сергеј Лавров, поранешната гимнастичарка Алина Кабаева (38) ги избришала сите нејзини податоци од веб-страницата на Националната медиумска групација (NMG) поради страв од санкциите од Западот.

    За Алина со години се шпекулира дека е љубовница на Путин (69), а била многу висока функција во управниот одбор на медиумската империја.

    Нејзиното име сега официјално не може да се поврзе со групацијата, јавува „Дејли мејл“, а зад сето тоа стои стравот дека нејзиниот имот ќе биде блокиран.

    Освен што се под санкции двете ќерки на Путин, како и семејството на неговиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рускиот опозициски лидер Алексеј Навални јавно повика на санкции против пропагандните медиуми на Кремљ, истакнувајќи ја медиумската групација на чие чело е Алина. Според странските медиуми, нејзината плата е осум милиони фунти годишно.

    „Да ве потсетам, Националната медиумска групација, која поседува голем дел од овој апарат на лаги, несомнено му припаѓа на Путин, а со неа формално раководи љубовницата на Путин, Алина Кабаева“, истакнал Навални од затвор.

    Путин никогаш не дозволувал прашања за неговиот приватен живот. „Не дозволувам мешање во мојот приватен живот. Тоа мора да се почитува. Отсекогаш сум реагирал негативно на оние кои ги туркаат своите љубопитни носови и еротски фантазии во туѓите животи”, рекол еднаш.

    Познато е само дека има две ќерки Марија (36) и Катерина (35) кои ги добил во бракот со поранешната стјуардеса Људмила. Тој ретко зборувал и за нив, па не е ни чудо што се шпекулира колку деца всушност има.

    Тој и Људмила биле во брак 30 години, а се разведоа во 2013. година пред тв камероте. Уште тогаш се шпекулираше дека Путин се разведува поради Алина, тогаш успешна гимнастичарка која освои два олимписки медали и бројни медали на светските и европските првенства.

    Откако се шпекулираше за нејзината врска со Путин, Алина ги разреди јавните настапи а се огласила по руската инвазија на Украина.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img