More

    Имаат ли САД двојна улога во војната?

    spot_img

    Кога украинските експерти ги отворија руските крстаречки ракети 9M727, открија податоци кои покренаа нов сомнеж за улогата на САД во украинско-рускиот конфликт. Тие внатре содржеле американски чипови, кои сепак се извезуваат во Русија и покрај санкциите, вели истражување на Ројтерс. Дали Америка индиректно ги помага и двете страни во оваа прокси војна?

    Истражувачите на Ројтерс добиле голема црна метална кутија од украинската армија, која била полна со оружје од предната страна. Внатре биле пронајдени микроконтролери, програмабилни чипови и процесори за сигнал отпечатени со имиња на американски производители, вклучувајќи ги Texas Instruments Inc, Altera, Advanced Micro Devices IncW (AMD), Maxim Integrated Products Inc и Cypress Semiconductor.

    – Тоа е прилично едноставно. Без тие американски чипови, руските ракети и повеќето руски оружја не би функционирале – изјави за Ројтерс висок украински функционер, кој побарал да остане анонимен од безбедносни причини.

    Додека некои од пософистицираните западни чипови во руското оружје со години се предмет на посебни барања за лиценцирање за извоз, истрагата покажа дека многу од оружјата содржат и обични компјутерски чипови и други компоненти кои се наоѓаат во производите за широка потрошувачка. Тие се лесно достапни и во многу случаи не подлежат на извозни ограничувања.

    Крстосувачката ракета 9M727 е едно од разорните оружја што Русија ги користеше во војната со Украина. Руските војници истрелаа повеќе од 3.650 проектили и наведувани проектили во првите пет месеци од војната, уништувајќи воени цели, како и станбени згради, трговски центри и убивајќи стотици цивили. На 14 јули три крстаречки проектили го погодија градот Виница, при што загинаа 27 лица, меѓу кои и едно четиригодишно девојче.

    По почетокот на инвазијата, Соединетите Држави и другите земји го забранија извозот на висока технологија во Русија за да се обидат да ја осакатуваат нејзината одбранбена индустрија, а технолошките компании објавија дека го прекинале целиот извоз во Русија.

    Сепак, истражувачкиот тим на Ројтерс откри дека извозот на компјутерски делови од западната марка во Русија не е запрен. Шпедитерите се главно неовластени добавувачи, но меѓу нив имало и производители.

    Тројцата производители – AMD, Analog Devices и Infineon – реклр дека започнале интерни истраги откако Ројтерс обезбеди царински податоци кои покажуваат илјадници неодамнешни испораки на нивните производи во Русија од трети лица продавачи. Две компании рекле дека производите што ги испраќале веќе биле во транзит за време на окупацијата. Друга копманија изјавила дека стоките што ги испорачува биле внатрешни набавки на компанијата пред да ги прекине своите операции во Русија на почетокот на април.

    На прашањето за употребата на нивните чипови во руските системи за оружје, компаниите одговориле дека ги почитуваат извозните контроли и трговските санкции.

    Руското потпирање на западната електроника за нејзините системи за оружје е долгогодишна практика. Москва има долга историја на набавка на шверцувани воени делови од САД, на пример, за скапи специјализирани чипови за сателити кои можат да издржат радијација во вселената.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img