More

    Илјадници приврзаници на Болсонаро упаднаа во Конгресот, во Врховниот суд и во претседателската палата

    spot_img

    Поддржувачите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ги пробиле безбедносните бариери поставени од вооружените сили, за да влезат во зградата на Конгресот, во Врховниот суд и во претседателската палата, во неделата, покажуваат снимките прикажани во бразилските медиуми, пренесува Си-Ен-Ен.

    На една снимка се гледа огромна толпа луѓе како одат по рампата што води до зградата на Конгресот, каде што стигнале до Зелената соба, која се наоѓа пред долниот дом на Конгресот, изјави привремениот претседател на Сенатот Венециано Витал до Рого за Си-Ен-Ен Бразил.

    До немирите дојде околу една недела по инаугурацијата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва, чие враќање на власт по 12-годишна пауза доаѓа откако тој го победи

    Болсонаро во вториот круг од изборите на 30 октомври.

    На сликите од други медиуми се гледа како приврзаницит на Болсонаро влегуваат во Врховниот суд и во претседателската палата. Тие бараат воена интервенција и оставка на Да Силва, попознат како Лула. Лула во моментов е на службено патување во Сао Паоло.

    Во својот инаугуративен говор, Лула вети дека ќе ја обнови земјата, која е во „страшни урнатини“. Тој ја осуди политиката на својот претходник, кој замина во САД бојкотирајќи ја инаугурацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img