More

    Илон Маск го претстави роботот на иднината: „Ја менуваме цивилизацијата“, ќе чини помалку од автомобил ФОТО/ ВИДЕО

    spot_img

    Компанијата „Тесла“ во сопственост на Илон Маск претстави прототип на својот прв хуманоиден робот наречен „Оптимус“.

    Роботот излезе на сцената и го демонстрираше својот опсег на движење, мавтајќи со рацете и држејќи ги во воздух.

    Од Tesla велат дека роботот е базиран на сличен систем за авто-пилот кој веќе постои во автомобилите на Tesla, а за време на презентацијата беше демонстрирано како роботот носи кутија, наводнува растенија и ги движи металните прачки во фабриката за автомобили.

     

    На презентацијата Маск рече дека планира масовно да ги произведува овие роботи, кои ќе чинат помалку од автомобил Тесла и кои можат самостојно да се движат и да извршуваат многу задачи.

    „Ова значи иднина на изобилство“, објаснува Маск. „Иднина каде што нема сиромаштија и каде луѓето ќе можат да имаат што сакаат во однос на производите и услугите.

    Тесла вели дека најновата генерација на робот работи на компјутерски чип на Tesla, поддржува Wi-Fi и 4G слично на мобилните телефони, заедно со аудио и напредни опции за сајбер-безбедност.

    Роботот се напојува со батерија од 2,3 киловат-часови, што е многу помала од онаа што ја користат автомобилите.

    Од компанијата велат дека роботот е дизајниран со цел масовно производство и дека може да се користи за извршување на многу работни места во фабрики кои вработуваат илјадници производствени работници.

    Непосредно пред презентацијата, инвеститорите и аналитичарите изразија скептицизам дека Tesla ќе успее да изгради робот, советувајќи наместо тоа да се фокусира на проекти блиски до основната дејност на компанијата – производство на електрични автомобили.

    „Роботот може да направи многу повеќе од она што го покажавме“, рече Маск на настанот.

    Рацете слични на човекот се „биолошки инспириран дизајн“ за кој инженерите велат дека ќе биде погоден за кревање предмети со различни форми и големини, како и за прецизно носење мали предмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img