More

    „Илинден“ стана дел од Алијансата за етички медиуми во Албанија

    spot_img

    Македонскиот весник „Илинден“ стана дел од платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

    – Алијансата ги штити своите членки од не фер притисоци и напади. Таа е доброволна група албански медиуми посветени на строго спроведување на етичкиот кодекс на новинарите. Мисијата на Алијансата за етички медиуми е да промовира квалитетно известување во сите форми со цел да и покаже на јавноста дека членовите на Алијансата се сигурни извори на информации – изјави за МИА Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

    Тој рече дека „Илинден“ е првиот весник на македонското малцинство во Република Албанија, кој е дел од платформата на АЕМ, а воедно и првиот весник на националните малцинства во Република Албанија.

    – Од мое и од име на целата редакција искажувам благодарност до Одборот на АЕМ што одлучи македонскиот весник „Илинден“ да биде нејзин член – додава Ѓурѓај.

    Весникот „Илинден“, првпат излезе од печат во февруари 2011 година во Тирана. Весник е на македонското друштво „Илинден“ -Тирана и единствениот македонски весник во Република Албанија што излегува во печатена и електронска форма.

    – Продуцира и објавува  информации на македонски јазик, за Македонците во Албанија, Македонија, Балканот, Европа и светот, политички, економски, културни и спортски, како и интервјуа. Се стремиме да има стандарди на објективно, истражувачко, аналитичко новинарство, објективна презентација на информациите и нивните извори, како и квалитет и креативност во креирањето на вестите – посочува Ѓурѓај.

    Во изминатите 11 години отпечатени се 53 изданија на весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img