More

    Илина Арсова за „Европска жена на годината“

    spot_img

    Делегацијата на Европската Унија во Скопје вчера ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“.

    Таа беше претставена од германската амбасадорка, Анке Холштајн. Освен Арсова, во изборот учествуваа и докторката Маја Мојсова-Мијовска – претставена од амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ – претприемачката, Наталија Бургиева – претставена од амбасадорот на Европска Унија, Дејвид Гир, режисерката Дина Дума – претставена од амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон и директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими – претставена од амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.

    Илина по тој повод се огласи на својот инстаграм-профил каде упати благодарност за укажаната чест.
    „Годинава добивам награда на овој ден. Им благодарам на амбасадорите и на организаторите за номинацијата @ankeholstein и на сите вам што гласавте за Европска жена на годината 2022. Им честитам и се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Прекрасни сте! Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, напиша Илина на Инстаграм.

    Актерот и шоумен Игор Џамбазов, партнерот на Илина, со нескриена гордост објави честитки до неговата сакана:

    „Мојата единствена ЖЕНА, стана „Европска ЖЕНА на годината“. Честитки, љубов моја. За мене секогаш ќе си светска ЖЕНА“, напиша Џамбазов на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img